„Велигденски средби“ по 14-ти пат во Радовишко

Со изведба на македонската химна и химната на Фолклорниот фестивалот „Велигденски средби“, дувачки оркестар од 30 свирачи од Пиринска Македонија ќе го отвори 14 –тото издание на фестивалот кој ќе се одржи на 14-ти 15 –ти април во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во непосредна близина на с. Ораовица, Радовишко.

Организатор и иницијатор на фестивалот е директорот на Фолклорниот ансамбл ,,Китка“ од село Ораовица, Димче Петров.

На фестивалот ќе настапат 22 домашни и меѓународни културно-уметнички друштва, а истиот ќе биде водн од новинарката Александра Велинова.

Фестивалот е од изворен карактер и на него се преставуват обичаите, игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат. Фестивалското жири составено од врвни стручњаци и оваа година ќе додели награди.

 

Scroll to Top