Македонскиот музички бенд „Архангел“ по неколку години има нов сингл, „Пинокио“. Песната првпат ја испеаја во живо на „Таксират“ пред две години, а сега го промовираат видеото. Музиката и текстот се на Ристо Вртев. Режисер на спотот е Иван Вртев, кој се појавува и како актер во видеото заедно со Петар Стевановиќ и Славен Арсовски.
По подолго време „Архангел“ ќе имаат и концерт пред македонската публика, а ќе настапат на 7 јули на „Д Фестивал“ во Дојран.
„Архангел“ се формирани 1988 година и имаат издадено четири албуми: „Архангел 1“, „Архангел 2“, Heart Core и „Небесна машина“.