Новото видео кое се врти на социјалните мрежи е од концертот на „Меморија“ кој се одржа на 18 ноември во Скопје, во „Метрополис Арена“. Снимката е од бисот, каде Ристо Самарџиев ја далдиса публикта пеејќи ја „Дирлада“, песна која е снимана во времето кога Македонците имаа проблем со одењто во Грција и кога се чекаше во редица, со саати, за грчка виза.
Интересна е реакцијата на публиката на оваа песна, а коментраите на социјалните мрежи е дека публиката била во транс. Од плескање со раце, до тупкање со нозе во такт, разменување нежност…сешто има во видеото.