„Вино фест“ со Миле, Игор и Влатко

Од 12 до 15 септември на отворениот паркинг пред Веро центар во Скопје ќе се одржи „Вино фест 2018“. Организаторите најавуваат четиридневна забава со селектирани вина од домашни винарници, дополнето со музика од познатите изведувачи од Македонија.

Првиот ден на фестивалот ќе настапат групите „Љубојна“ и „Фолтин“. Вториот ден ќе настапи Игор Џамбазов, а концерт ќе има и Јаков Дренковски. Ѕвезда на третата вечер ќе биде Влатко Стефановски, а ќе настапат и Тони Китановски и Черкези оркестар. Фестивалот ќе заврши со настапите на групата „Куку леле“ и на фолк-пејачот Миле Кузмановски. Диџеј сетови во овие четири дена ќе имаат Чваре, Флудер, Дарко Марковски и Маци. Манифестацијата секој ден ќе почнува од 19 часот и ќе трае до полноќ во среда и во четврток, односно во 1 часот во петок и во сабота.

 

Scroll to Top