Македонскиот пејач Владо Јаневски и дуото „Бенг ла декс“ се главните ѕвезди на осмото издание на настанот „Широк сокак во бело“ во Битола, кое годинава ќе трае два дена. Настапот на Јаневски е закажан за 24 август, петок, а дутото ќе настапи в сабота. Пред нив ќе настапат диџеите Љубиша, Рикардо, Андреј Ѓошев, Јошевски и Лед Робот.
На претходните изданија на битолската „Бела ноќ“ настапија имиња како што се: Соник, Кирил Џајковски, Ернан Катанео, Том Боксер и Морена, Давид Моралес, Џуниор Џек, Том Нови и уште бројни македонски изведувачи.
„Широк сокак во бело“ е во рамките на „Бит-фест“, со поддршка од Општина Битола и Министерството за култура.