По пауза од речиси 10 години Владо Јаневски ќе одржи концерт во Охрид. Концертот во организација на „Авалон“ ќе се одржи на Антички театар на 2 август. Владо ќе ги испее своите најголеми хитови, а ќе ја промовира и новата песна „Главен град на тагата“.
Со концертот во Охрид Владо ќе го почне одбележувањето на јубилејот 25 години соло-кариера. Концертот што пред еден месец требаше да се одржи во Скопје е закажан за оваа зема, а од „Авалон“ велат дека дополнително ќе го откријат датумот.
Билетитее за концертот на Владо во Охрид денес се пуштени во продажба, а чинат 500 денари за партер и 800 денари за трибини.