Утре, 25 јануари, во Крушево ќе се одбележи денот на раѓањето на Тоше Проески.
Локалната самоуправа на Крушево во соработка со спомен-куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и учениците од средното училиште „Наум Наумовски – Борче“ ќе организираат музичка манифестација.
Најпрво во 11 часот и 15 минути (времето кога се родил Тоше во 1981 година) ќе бидат положени свежи цвеќиња на неговиот гроб на Гумење. Во 11:30 часот во спомен-куќата „Тодор Проески“ ќе почне музичка манифестација: локалниот бенд „Кици и Пеце“, хорот на средното училиште „Наум Наумовски – Борче“ и оперскиот сопран Билјана Јосифов придружувана од клавијатуристот Сашко Николовски.
Во Крушево се веќе пристигнати фановите од Македонија и од целиот Балкан, кои секоја година се собираат за да го одбележат роденденот на Тоше и да му оддадат почит.