Во октомври концерт и албум со нови песни од Тоше

Албумот со необјавени песни од Тоше Проески, Secret place, ќе се промовира на 13 октомври, соопшти Фондацијата „Тоше Проески“. Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт и на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови.

Истиот ден во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи голем концерт во чест на Тоше. На концертот ќе бидат промовирани песните од новиот албум, а предвидено е македонски и балкански ѕвезди да ги пејат неговите хитови.

Тоше почина на 16 октоври 2007 година, во ссобраќајна несреќа во Хрватска.

Scroll to Top