Вудсток ќе му се случи и на Скопје

Големиот музички фестивал “Ентер фест“ кој ќе почне на крајот на мај и ќе трае шест дена во Скопје, по се изгледа ќе ги урне сите рекорди во земјава во посетеност. Причина повеќе за ова е и што сумата за билетот за сите шест вечери од фестивалот ќе чини само 1100 денари. За оваа сума посетителите ќе можат да уживаат во настапот на големи музички ѕвезди и над 60 бендови од целиот регион од почетокот па се до крајот на фестивалот.

Организаторите се уште не откриваат кои имиња ќе настапат на фестивалот кој ќе трае шест дена на две огромни фестивалски сцени на целиот простор околу спортскиот центар Борис Трајковски.

Фестивалот кој уште сега се нарекува македонски Вудсток, според најавите ќе привлече огромен број посетители од целиот регион за шесте дена музичка радост во Македонија. Ова е прв пат Скопје да биде центар на ваков музички хепенинг од големи размери.

Организаторите веќе открија дека поради намерата ова да биде забава за сите, и пивото ќе се продава за само 80 денари.

Scroll to Top