Забава во Скопје со најголемите хитови од Евросонг

Членовите на поп-групата „Ај Кју“, македонскиот претставник на Евровизија, деновиве се во Лисабон, каде што имаат проби пред настапот во полуфиналето на 8 мај, на 63. европско музичко натпреварување.

„Ај Кју“ со песната „Изгубено и најдено“ ќе настапат 11. по ред, на вечерта на која се и Хрватска, Австрија, Грција, Швајцарија, Финска, Ерменија…

На Евровизија годинава учествуваат 43 земји, втората полуфинална вечер е на 10 мај, а финалето е на 12 мај.

Пред годинашната Евровизија, во „Нано бар“ во скопско Дебар Маало утре ќе се одржи предевровизиска забава, со почеток во 21:30 часот.

На забавата ќе се пуштаат најголемите евровизиски хитови, вклучувајќи ги и оние на македонските учесници низ годините, како и новите песни од Евровизија 2018.

Scroll to Top