Утре, 15 јуни, во хангарот на Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга настап ќе одржи Иниго Кенеди.
Иниго Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име што често можете да го сретнете во програмите на елитните технохрамови во светот, како: Fabric, Berghain, Bassiani, Tresor и сл.
Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни со каталог на изданија на водечките техноетикети, како Token, Semantica и неговата сопствена издавачка куќа Asymmetric.
Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот.