„Златна палма“ во Кан за јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ на режисерот Хироказу Коре-Еда освои „Златна палма“ на 71. Кански фестивал. Филмот Blackkklansman (Black Klansman) на американскиот режисер Спајк Ли доби гранд при, а наградата од жирито ја освои филмот Capharnaüm на либанската режисерка Надин Лабаки.

Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за филмот „Студена војна“.

Претседателка на годинашното жири за доделување на „Златната палма“ беше австралиската актерка Кејт Бланшет.

Scroll to Top