Нептун и прстените блескаат на новите снимки на телескопот “Џајмс Веб“

Телескопот „Џејмс Веб“ ги сними осветлениот Нептун и неговите деликатни, прстени во ситни детали кој досега не се видени со децении.

Последен пат кога астрономите имаа така јасен поглед на најоддалечената планета од сонцето беше во 1989, кога „Војаџер 2“ стана првото и единствено летало кое поминало покрај ледениот џин.

Ифрацрвената камера на „Веб“ имаше нов увид во атмосферата на Нептун и покажа 7 од неговите 14 месечини.

Нептун изгледа сино на претходните снимки направени од телескопот „Хабл“, што се должи на метанот во неговата атмосфера. Новите инфрацрвени снимки го покажуваат како сиво-бел, со ледени облаци над површината.

„Џејмс Веб“ е најмоќниот вселенски телескоп изграден досега и научниците се надеваат дека ќе доведе до нова ера на откритија.

Scroll to Top