Внимавајте што пишувате, „Вибер“ воведува нова опција

Популарниот сервис за пораки и мултимедијални содржини „Вибер“ во рок од 24 часа ќе почне да ги отстранува содржините што ги оценува како говор на омраза. Оваа одлука дојде откако „Вибер“ ги почитуваше новите регулативи на Европската Унија кога станува збор за говорот на омраза. Според компанијата, нивната цел е секој да се чувствува безбедно и да ужива во безбедното користење на услугите на една од нивните омилени апликации за комуникација. Во прилог на таа одлука беше наведено дека компанијата ќе се посвети на обука на тимот кој се занимава со модерирање на пораки во рамките на сервисот за пораки.

„Горди сме што соработуваме со Комисијата на ЕУ за правда, потрошувачи и родова еднаквост, како и со доверливи невладини организации со цел да се анализира и отстрани говорот на омраза од апликацијата ‘Вибер’“, соопштија од компанијата.

Од стапувањето во сила на одлуката, целата содржина ќе оди преку модераторите, но на корисниците ќе им биде оставена и опцијата да пријават говор на омраза. 

Освен „Вибер“, промени ќе има и Вацап, месинџерот на Фејсбук, но и некои други платформи за кореспонденција и размена на содржини, кои исто така подлежат на новите правила на ЕУ.

 

 

Scroll to Top