На листата на најчесто користени лозинки сè уште доминираат оние со бројки, но има и некои други интересни решенија. Аналитичката компанија NordPass објави листа на лозинки што најчесто се користеле во 2022 година, а меѓу топ-200 веќе има препознатливи кодови, кои со години се на врвот.
Лозинките треба да бидат суштинска заштита на корисничките профили и нивните уреди како на интернет така и во секојдневната работа, но корисниците не се многу имагинативни во нивното генерирање и честопати многу лесно се пробиваат.
1. password
2. 123456
3. 123456789
4. guest
5. qwerty
6. 12345678
7. 111111
8,12345
9. col123456
10. 123123
Покрај повторувањето на броевите, популарните термини за лозинка вклучуваат термини, како: Oscars, Tinder, batmen и други.