Бензинците, дизелашите и хибридните автомобили ќе бидат забранети во Европската Унија од 2035 година

Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за ревидирање на целите за намалување на емисии на јаглен-диоксид за новите патнички и лесни комерцијални автомобили.

Преговарачите во Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа договор за закон кој предвидува забрана за продажба на нови автомобили со мотор на внватрешно согодување од 2035 година.

Со овој договор е предвидено новите бензиски, дизел и лесни комерцијални автомобили повеќе да не се продаваат во Европската унија од 2035 година, исто како и хибридните, во корист на 100% електрични автомобили.

Преговарачите на Европската унија постигнаа договор со државните членки за првичниот предлог на Европската комисија. Предлогот датира од 2021 година, а со него се предвидува да се постигне мобилност на патиштата со нулта емисија на штетни гасови до 2035 година.

Договорот е дел од напорите на Европската унија е да се дојде до нулта стапка на емисија на штетни гаосви, што би можело да значи крај за автомобилите со SUS-мотори во Унијата. Одлуката ќе биде ревидирана за четири години. Одлуката ќе биде разгледана за четири години.

Забраната за продажба е дел од климатскиот пакет на ЕУ, со кој се планира до 2030 година да се намалат емисиите на штетни гасови за 55 проценти во однос на нивото од 1990 година, а до 2050 година да биде климатски неутрален.

Преговарачите, парламентот и земјите-членки, исто така ќе мораат да најдат начин да ја олеснат транзицијата за автомобилскиот сектор.

Автомобилската индустрија директно или индиректно вработува повеќе од 13 милиони Европејци, или седум отсто од пазарот на трудот во ЕУ, според Европската асоцијација на производители. Парламентот побара создавање на таков транзициски фонд, особено за да се подобри влијанието врз вработувањето.

Под притисок на неколку земји, вклучително и Германија, договорот се занимава со можност за зелено светло во иднина, за алтернативни технологии како што се синтетички горива (е-горива) или plug-in хибридни мотори доколку тоа ја овозможи целта за целосно елиминирање на емисиите од возила.

Извор:Телеграф.рс

 

Scroll to Top