„Џимеил“ воведе ознаки за верифицирани корисници

„Џимеил“ ќе почне да прикажува карактеристична сина ознака до името на испраќачот на содржината, за да го означи нивниот потврден идентитет.

Во блог пост, „Гугл“ забележа дека функцијата треба да им помогне на корисниците да утврдат дали е-пораката доаѓа од легитимен извор или од измамник.

Сините ознаки за потврда се надградба на постојната функција „Бренд индикаторс фор месиџ идентификејшн“ (BIMI) во Џимеил. Ова бара компаниите да го автентицираат логото на брендот што го користат бидејќи нивниот аватар што го користат треба да им даде до знаење на корисниците дека логото навистина и припаѓа на таа компанија.

„Гугл“ посочува дека автентикацијата на е-пошта може да им помогне и на корисниците и на безбедносните системи да ги идентификуваат и запрат спамовите, како и да им помогне на испраќачите да градат доверба во нивниот бренд.

Сините ознаки за проверка ќе бидат видливи за сите корисници на лични сметки на „Гугл“, за сите корисници на „Гугл Воркспејс“, како и за корисниците на стари сметки на „Џ Сјуит“.

„Гугл“ нагласи дека крајните корисници не мора да прават ништо, додека заинтересираните администратори можат да постават „BIMI“ и да добијат „Верифајд марк сертификат (VMC)“ за логото на нивниот бренд.

Scroll to Top