Епл наскоро ќе го претстави ајфон 16, целосно дизајниран со вештачка интелигенција

Американската компанија Епл го објави датумот на својот следен голем настан на кој се очекува да го лансира поновиот ајфон 16, целосно дизајниран со вештачка интелигенција (AI), кој најверојатно ќе биде претставен за десет дена.

Медиумите претпоставуваат дека вградената вештачка интелигенција ќе биде клучна карактеристика на најновиот ајфон.

Во јуни, Епл објави серија генеративни функции за вештачка интелигенција за ајфон на својата годишна светска конференција за програмери.

Додека корисниците на ајфон 15 „Про Макс“ веројатно ќе можат да пристапат до барем некои од функциите на AI, претстојниот ајфон 16 се очекува да биде првиот уред дизајниран целосно со вештачка интелигенција.

Scroll to Top