„Епл“ повеќе нема да го произведува музичкиот плеер „ајпод тач“

Епл објави дека го прекинува производството на својот музички плеер, Ајпод Тач. Компанијата вели дека гаџетот ќе биде достапен само „додека има залихи“. Ова е крајот на ерата за производ кој некогаш беше еден од најпопуларните гаџети во светот.

Првиот Ајпод беше лансиран во 2001 година, можеше да складира околу 1.000 песни. Денес, има повеќе од 90 милиони песни на сервисот за стриминг на Епл. Ајпод Тач  е дизајниран од истиот тим кој подоцна го измисли Ајфон, кој брзо го засени Ајподот.

Имаше различни модели на Ајпод во текот на годините – вклучувајќи ги и Нано и Шафл – но Ајпод Тач, лансиран во 2007 година, кој е последниот модел што беше произведен. Сегашната седма генерација на Ајпод Тач беше претставена во 2019 година. Се напојува со чипот A10 Фужн, кој дебитираше за прв пат во Ајфон 7. Има екран од 4 инчи и е достапен во голем број бои. Ова, сепак, ќе биде крајот на овој гаџет. Тоа го објави Епл во соопштение за медиумите со интересен наслов „Музиката живее понатаму“. Во соопштението за печатот се објаснува дека корисниците на Епл сега уживаат во својата музика преку производи како што се Ајфон, Епл Вач, Епл ТВ и Хоум Пад мими.

Scroll to Top