Европа ќе ги замени авионите со брзи возови

Европа се надева дека ќе го намали бројот на авионските патувања и ќе ги замени авионите со брзи возови. Водачите на железничката индустрија се состанаа во Лион, Франција за да разговараат за потенцијалното проширување на нивните железнички системи.

Нивната сегашна визија вклучува удвојување на користењето на железницата до 2030 година и тројно зголемување до 2050 година. Крајната цел е овие возови да ги поврзат сите поголеми градови, известува „Џајант фрикин робот“.

Иако Европа веќе има неколку брзи возови, изградбата на инфраструктурата низ континентот нема да биде лесно да се направи. Бидејќи шините ќе ги минуваат државните граници, ќе треба да се надминат различни прописи за да се реализира проектот. Исто така, се смета дека Ковид-19 има сериозно влијание врз продажбата на железнички билети, при што бројот на патници достигна рекордно ниско ниво.

Но, придобивките од железницата се двојни, па не само што луѓето ќе имаат полесен пристап до остатокот од Европа, туку тоа ќе биде и исклучително корисно од еколошка гледна точка. Емисиите на јаглерод диоксид од авионите се значително поголеми отколку од возовите. Заедничкиот извештај на еколошките организации од Германија, Полска, Шпанија и Франција вели дека летот Париз-Берлин создава најмалку шест пати повеќе емисии на јаглерод отколку патувањето на исто растојание со воз.

Ако бројот на возови тројно се зголеми до 2050 година, тоа ќе биде огромен чекор кон исполнување на целите на Зелениот договор на ЕУ, кој ја постави високата цел да ја направи ЕУ неутрална за јаглерод до 2050 година.

Плановите на ЕУ за брзи возови имаат ветувачки почеток, оти националните железнички линии како Париз-Лион, Милано-Рим, Барселона-Мадрид и Берлин-Минхен обезбедуваат брзи и еколошки начини за патниците да се движат од еден голем град во друг. Има и неколку ветувачки примери на меѓудржавни железници, како што се тунелот под Ла Манш и трасата Талис. Основниот тунел Бренер, кој треба да се отвори во 2032 година, ќе ги поврзува Инсбрук, Австрија и Форца. Ова ќе биде одличен пример за железница да дава само придобивки, бидејќи железницата не само што ќе биде поеколошка од летањето, туку и ќе го намали времето на патување до 70 минути во споредба со летањето.

Различни европски земји, исто така, работат на изградба на повеќе железнички линии за поврзување на нивните поголеми градови.

 

Scroll to Top