Европа со помош на соларни панели ќе добива струја од вселената

Европа во наредните децении би можела да добива струја од вселената, пишува „Еуроњуз“. Експертите велат дека обновливата енергија од вселената, од далечен сон, наскоро би можел да се претвори во блиска иднина.

Од Европската вселенска агенција размислуваат за џиновски соларни панели кои ќе ја апсобираат енергијата од Сонцето додека кружат околу планетата. Развојот и концептот беа објаснети во студија која неодамна беше и објавена под името „Вселенска соларна енергија“.

Овој концепт теоретски е изводлив и би можел да го поддржи патот кон декарбонизација на енергетскиот сектор. Крајната цел е изградба на два километри долга сорална вселенска фарма, која ќе произведува енергија на една нуклеарна електрана. Фармата би патувала во вселената на 36.000 километри над Земјата.

„Со овој проект Европа ќе стане клучен играч и потенцијален лидер во меѓународната трка со решенијата за чиста енергија за ублажување на климатските промени“, е наведено во соопштението на ЕСА.

Соларната енергија е еден од најдобрите извори на чиста енергија, но во моментов не може да се изведе поради неколку ограничувања. Панелите би можеле да се користат само во текот на денот, а и тогаш, голем дел од сончевата светлина се апсорбира во атмосферата додека стигне до Земјата.

Во вселената сончевите зраци се околу десет пати поинтезивни отколку на Земјата. ЕСА се здружи со компанијата Airbus, европската мултинационална авио-космичка корпорација, за да развие бежичен пренос на енергија, за да го фати овој 24 часовен извор на електрична енерија и го пренесе до Земјата.

Технологијата е заснована на пренос кој секојдневно го користат телевизиите и комуникациските сателити, објаснува инженерот од Airbus, Николас Шнајдер.

Шефот од лабораторијата за роботика во „Аирбус“ компанијата за одбрана и вселена објаснува дека проблемот е во размерите.

„Сателитот сигурно ќе биде огромен, па ќе биде тешко да се изгради. Но, со брзиот развој на технологијата, проектот би можел да биде реален во наредните децении. ЕСА ќе разговара за проектот со Соларис во веќе во ноември, а сателитот би го правеле роботи во орбитата“, рече Аридон.

Тој објасни дека роботот ќе може да дојде и да го поправи панелот, да го тргне или да го замени со нов ако е потребно. „Ако роботите би можеле да ги движат рацете, тоа ефективно би ги намалиле трошоците за операциите што се вршат“, рече Гвенаел

Ова е сериозен логистички предизвик, но додека енергетските кризи се менуваат и еволуираат истиот би можело да ја промени играта со електричната енергија во секој поглед.

Еден сателит за соларна енергија од планираната скала би генерирал околу два гигавати енергија, што е еквивалент на конвенционална нуклеарна централа или шест милиони соларни панели на Земјата. Добиената енергија може да напојува повеќе од милион домови.

Scroll to Top