Пред десет години „Гугл“ го претстави прототипот на своите први паметни очила. На I/O конференцијата во мај тие претставија прототип на новата генерација паметни очила, а оваа недела објавија дека се подготвени да ги тестираат во реални услови. Тестовите ќе почнат во текот на следниот месец и треба да покажат како очилата можат да им помогнат на луѓето во секојдневниот живот, односно во различни ситуации со кои се соочуваат секој ден. Очилата се првенствено наменети за превод во живо и навигација.
Џастин Пејн, менаџерот на „Гугл“ за зголемена и виртуелна реалност, нагласи како тестовите ќе им помогнат да ги подобрат искуствата како навигацијата AR. Тој посочува дека факторите како временските услови и сообраќајните раскрсници многу тешко се тестираат во затворени простори, па затоа очилата и технологијата треба да се тестираат во реални услови. На почетокот очилата ќе ги тестираат мал број луѓе вработени во „Гугл“ и луѓе во кои компанијата има доверба, а ќе бидат опремени со камери, микрофони и екран во самите очила. Меѓутоа, при тестирањето, користењето на тие опции ќе биде ограничено, па нема да може да се прават фотографии и видеа со очилата.
Со појавата на првите паметни очила на „Гугл“ компанијата веруваше дека станува збор за нова категорија уреди по телефоните и таблетите, која ќе привлече милиони луѓе, но наместо тоа, очилата наидоа на многу критики во јавноста, најмногу поради можноста за фотографирање и правење видео, што многумина го коментираа како грубо кршење на приватноста, па „Гугл“ на крајот се откажа од тој проект.
Wow – the form factor is nearly perfect. The no photos or video limitation limits usefulness, but I 💯 get why after the original Google Glass fallout. https://t.co/jFXcG3d1Os#ar #AugmentedReality
— Jeff Lewis (@consultutah) July 20, 2022