Инстаграм тестира нова функција по примерот на Твитер и Тик-ток

Инстаграм тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците да прикачуваат објави на својот профил, соопштува „TechCrunch“. Функцијата, која моментално е достапна само за некои корисници како дел од тестот, им овозможува на корисниците да означат одредена објава на врвот на нивниот профил. Опцијата е слична на пинкуваните твитови на Twitter или видеа на Tik-тok.

Означувањето на поединечни објави на Инстаграм на врвот на профилот може да им овозможи на креаторите да привлечат внимание на содржината без да бараат од корисниците да се движат низ претходните објави за да го најдат она што го сакаат.

Мета потврди дека ја тестира опцијата, на која се работи веќе неколку месеци, бидејќи новата функција е забележана во јануари. Инстаграм веќе им овозможува на корисниците да ја истакнат содржината „приказна“ што се појавува над објавите, а влијателните корисници често ја користат оваа функција за да организираат популарни содржини како што се прашања и одговори и настани.

Scroll to Top