Како лесно и едноставно да проверите дали некој ве избришал од „Фејсбук“

Бришењето пријатели на „Фејсбук“ знае да биде фрустрирачки и некогаш неподносливо за голем број корисници. „Фејсбук“ денес стана составен дел од животите на голем број луѓе, па многумина се нервираат кога некои од луѓето што ги сметале блиски, ги избришале, без предупредување и за тоа дознале подоцна.

Сега програмерите создадоа апликација Who deleted me, со која ќе може секој да види кој од неговите довчерашни пријатели го избришал од „Фејсбук“. Апликацијата е достапна на Google Chrome и Mozilla Firefox, а ја има и на „Андроид“ и на iOS.

Апликацијата е лесна за користење. Прво морате да ја инсталирате преку вашиот „Фејсбук“ профил. Откако  ќе ја превземе целата листа на пријатели, со секое наредно покренување на пребарувачот, истата ќе ја освежува оваа листа и ќе ви покажува кој од нив недостига.

Единствен недостаток е тоа што нема да ви покаже кој од пријателите ве избришал претходно во минатото.

 

Scroll to Top