Најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија, ќе купува стотици илјади електрични возила

Саудиска Арабија, земјата која е најголем извозник на нафта во светот, ќе набави 100.000 електрични возила. Ова го објави американскиот производител на електрични возила, Lucid Motors, кој рече дека веќе бил склучен договор за ваквата зделка.

Саудиска Арабија првично има во план да набави 50.000 вакви возила, со опција да донесе понатака уште толку. Директорот на Lucid, Питер Ролинсон, рече дека продажбата на електричните возила во Саудиска Арабија претставува пресвртница во битката против загадувањето.

 

Како дел од договорот, владата на Саудиска Арабија се обврза да купи различни постоечки и идни модели на Lucid. Се очекува дека годишно ќе бидат произведени и ќе им бидат доставувани на почеток од 1.000 до 2.000 возила до 2025 година.

Потоа овој број ќе се зголеми на 4.000 до 7.000 возила годишно. Првата нарачка се очекува да биде доставена во втората половина од 2023 година.

Scroll to Top