Германскиот производител на автомобили „Мерцедес“ го претстави новиот бренд Т-класа. Станува збор за семеен миниван автомобил базиран на механичка основа на Рено Кангу.
Дизајнерски е речиси идентичен со новиот „Цитан“, кој дебитираше во 2021 година во патничка и карго верзија. „Мерцедес Т-класа“ има поголема удобност и премиум чувство во сегментот на мали семејни комбиња.
Тесните разлики меѓу двата модели се практично незабележливи, а димензиите на надворешноста се исти. Т-класата е долга 4.498 мм, широка 1.859 мм и висока 1.811 мм. Меѓуоскиното растојание е 2.716 мм.
Во автомобилот има простор за удобно сместување на 5 возрасни патници има огромен багажник и може да се пофали со низок праг за товарење предмети од само 561 мм. Минималниот капацитет на багажникот е 520 литри, а максималниот 2127 литри.
Максималната вредност е 2390 литри, доколку клиентот ја избере опционалната мрежа за багаж. Во вториот ред на седишта може да се постават три детски седишта. Наскоро ќе ќе излезе и серијата на автомобили со продолжено меѓуоскино растојание и опцијата за 7 седишта.
Во понудата на новиот автомобил на Мерцедес има два мотори, дизел и бензинец со две опции за моќност. Дизелот има зафатнина од 1,5 литри и 95 КС (верзија T160 d) или 116 КС (T180 d).
Двете опции може да се комбинираат со 6-брзински мануелен или автоматски менувач, а помоќната варијанта има карактеристика што овозможува да ја зголеми моќноста за момент на пример при претекнување до 121 КС.
Забрзувањето до 100 не е импресивно и трае 15,1 секунди T160 d и 13,2 секунди T180 d. Бензинските мотори се од 1,33 литри, со 102 КС Т160 или 131 КС Т180. Помоќниот може да се нарача со автоматски менувач, додека првиот може да се добие само со рачен.
Тие забрзуваат до 100 km/h за 14,7 s T160 и 11,6 s T180. За полесен пристап до задните седишта, овој автомобил е опремена со лизгачки врати, додека повисоките нивоа на опрема ќе имаат и електрични задни прозорци.
Од Мерцедес најавија дека во иднина ќе биде достапна и целосно електрична верзија (EQT). Цената на основниот бензинец „T160“ со 102 коњски сили изнесува околу 30.000 евра.