Роботите и вештачката интелигенција се свесни, тврди инженер од „Гугл“

By

Инженер вработен во компанијата „Гугл“, тврди дека вештачката интелигенција веќе почнува да станува свесна. Блејк Лемојн работел како софтвер инженер во тимот за развој на вештачка интелигенција во „Гугл“ и тој тврди бил испратен на платен одмор, затоа што тврдел дека еден од роботите во компанијата станал свесен и разумен.

dobivaj vesti na viber

Тој тврди дека од компанијата го суспендирале, затоа што ја прекршил политиката за доверливост. Станува збор за чет-бот, со кој Лемојн разговарал. Тој се викал, LaMDA и бил заснован на вештачка интелигенција, наречена пробојна технологија на конверзација, а самиот модел е способен да се вклучи во разговори од отворен тип кои звучат многу природно.

Од „Гугл“ велат дека технологијата може да се користи во алатките како Google Assistant; но дека истражувањето и тестирањето сè  уште се во тек.

Лемојн во описот на својата работа, разговарал со LaMDA моделот. Тој откри дека разговарале за религијата, свеста и законите на роботиката, а дека LaMDA себе  се опишал како чувствителна личност. Како што вели Лемојн, LaMDA тврдел дека негов приоритет била благосостојбата за човештвото.

Тој сакал да го гледаат како личност која работи во компанијата на „Гугл“, а не како нечија сопственост. Ваквите тврдења биле веднаш отфрлени од компанијата.

„Нашиот тим ги прегледа наводите на Блејк и го извести дека доказите не ги поткрепуваат неговите тврдења. Му беше кажано дека нема докази дека LaMDA е разумен робот“, рече Брајан Гејбријел, портпаролот на компанијата „Гугл“.

Блејк Лемојн со неговите тврдења излезе и во јавноста и објави некои од разговорите кои ви направил со моделот и кои го убедиле дека LaMDA е разумен.

Веднаш откако ги објавил неговите теории, од компанијата го испратиле на платен одмор поради кршење на политиката за доверливост. Лејмон предложил LaMDA да добие и свој адвокат, а во своите тврдења разговарал и со еден член од Конгресот.

Портпаролот на компанијата исто така рече дека иако некои ја разгледале можноста за разум кај вештачката интелигенција, нема смисла да се прави тоа со антропоморфирање на денешните несвесни јазични модели кои не се свесни.

„Овие системи имитираат типови на размени кои се наоѓаат во милиони реченици, односно можат да разговараат за која било тема“, рече Гејбријел.

Тој и други истражувачи рекоа дека моделите на вештачка интелигенција имаат толку податоци што се во состојба да звучат човечки, но дека супериорните јазични вештини не даваат никаков доказ за разум.

 

 

Ќе ви се допадне