Компанијата „Шаоми“ во август ќе го претстави својот прв автомобил и тоа во текот на оваа година. Оттаму најавија дека ќе претстават прототип на автомобилот кој наводно ќе биде целосно функционален, што е изненадување со оглед на тоа што компанијата ги објави своите намери да влезе во автомобилскиот свет пред нешто повеќе од половина година.
Според досегашните информации, зад дизајнот на првиот Шаоми автомобил стои Shanghai HVST Automobile Design, кој веќе има многу успешни дизајнерски решенија. Се шпекулира дека автомобилот може да личи на нивниот концепт WM Maven.
Програмата за развој на автомобили започна лани во март и беше најавено дека во проектот првично се инвестирани 1,5 милијарди долари, а во следните 10 години ќе бидат инвестирани уште 10 милијарди долари. Фабриката ќе биде отворена во Пекинг со помош на партнери, а откако ќе биде завршена ќе има годишен капацитет од 300.000 автомобили.
Почетокот на производството се очекува во 2024 година. Шаоми планира да лансира вкупно четири модели.