Спотифај ги покачи цените и за корисниците во Македонија

Музичката платформа Спотифај ги зголеми цените за своите 200 милиони претплатници кои ја користат услугата без реклами.

Ова се однесува и на корисниците во Македонија, кои од септември ќе плаќаат месечна претплата од 5,49 евра за поединци, односно 7,49 евра за дуо, додека семејниот пакет ќе чини 8,99 евра.

Овој потег следува откако и други стриминг платформи ја поскапеа претплатата во изминатиот период. Извршниот директор на Спотифај, Даниел Ек, во април најави дека компанијата ќе мора да ги покачи цените оваа година. Корисниците ќе добијат еден месец грејс период пред новите цени да стапат на сила.

Спотифај, кој во Македонија е достапен од 2020 година, има 515 милиони активни корисници на повеќе од 180 пазари и околу 40% од нив се претплатници.

Scroll to Top