Телескопот „Џејмс Веб“ ги сликаше култните вселенски Столбови на создавањето

Телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА даде нова перспектива за една од најубавите глетки во вселената, „Столбови на создавањето“. Станува збор за ладни, густи облаци од водороден гас и прашина во констелацијата Серпенс, кои се наоѓаат на околу 6.500 светлосни години од Земјата.

„Столбови на создавањето“ ги снимил секој голем телескоп, а најпознати се сликите што ги направил „Хабл“ во 1995 и 2014 година.

Столбовите се наоѓаат во срцето на маглината Орел, која е активен регион на формирање ѕвезди. Тие се осветлени и извајани од интензивната ултравиолетова светлина од околните масивни ѕвезди. Радијацијата исто така ги демонтира кулите.

Се претпоставува дека столбовите веќе не постојат во овој облик, зашто на светлината што ја детектира „Џејмс Веб“ ѝ требаат 6.500 години за да стигне до неговите огледала.

Scroll to Top