TikTok подготвува апликација што ќе му конкурира на Instagram

TikTok планира да објави нова апликација за споделување фотографии за да биде конкурент на Instagram.

Во известувањето испратено до корисниците, TikTok вели дека се подготвува да објави нова апликација за споделување фотографии наречена TikTok Notes.

TikTok Notes ќе ги споделува постоечките и идните објави на TikTok со фотографии, а на корисниците ќе им биде понудена опција да се одјават од услугата.

Сајтот TechCrunch забележа нов photo.tiktok.com URL, кој накратко се појави онлајн и овозможи отворање на апликацијата TikTok Notes. Според она што беше видливо, корисниците ќе имаат можност и да креираат натписи (captions) за фотографиите.

TikTok вели дека истражува начини да ја поттикне заедницата на tiktokers да создава и да ја споделува нивната креативност користејќи фотографии и текст во простор посветен на тие формати.

Не е објавено кога е планирано да биде објавена апликацијата TikTok Notes.

Scroll to Top