Популарната социјална мрежа „Твитер“ почна да прави дизајнерски промени уште во август минатата година, а сега тој проект продолжува со целосно нови икони на Твитер.
Во текот на изминатите неколку дена Твитер најави воведување на целосно нов дизајн на икони. Промената не е голема, но би требало да стане видлива за сите корисници во наредните денови. Дизајнерскиот тим на социјалната мрежа објави на платформата дека целта на проектот е да се создаде кохезивна група икони, кои имаат смела форма и стил, но сепак се поврзани.
Промената на дизајнот, која започна минатата година, започна со додавање на фонтот Chirp на социјалната мрежа и промена на начинот на прикажување на боите.
Good is good but better is better.
That’s why we’re introducing our brand new icons.
Let’s talk. 🧵 pic.twitter.com/xmkaQr5zkQ
— Twitter Design (@TwitterDesign) October 21, 2022