УСБ кабел кој е опасен за мобилните

Ако сте од оние кои често позајмувате УСБ кабел за полнење на мобилен или друг уред, тогаш треба да знаете за опасноста која може да ја предизвика O.MG Elite кабелот.

Иако изгледа како обичен кој пренесува податоци или го полни уредот, токму овие работи го прават опасен. Експертите објаснуваат дека станува збор за компјутер кој може да направи голема штета како кражба на податоци.

O.M.G Elite кабелот е УСБ кабел има нормален изглед опремен со имплант кој може да се поврзе со веб серверот и да воспостави УСБ комуникација. Има и Wi-Fi пристап кој им овозможува на хакерите да крадат и да имаат пристап на податоци од далечина.

Кабелот е паметно дизајниран па и експерти и добри познавачи не можат да го разликуваат од нормален. На годинашната DEF CON конференција е прикажана нова и подобра верзија на О.МG Elite кабел, кој може да извршува двонасочна комуникација преку интернет.

 

 

Scroll to Top