Вентилатор кој работи 24 часа троши помалку струја од климата за 15 минути

Веќе неколку дена се бориме против високите температури кои според метеоролозите ќе траат до крајот на неделата. Во исто време се бориме на подобар начин да се разладиме. Така и летните потрошувачи на струја се во фокус, а со нив е и прашањето: Што е подобро и поевтино, вентилатор или клима уред?

Вентилаторите и клима уредите имаат и сличности и разлики. И двете помагаат да се изладите и го користат ладење преку моќта од испарувањето. Вентилаторите дуваат воздух што стигнува до нашата кожа, што го поттикнува испарувањето на влагата. Исто така не ја ладат целата просторија, туку само нас.

Клима уредите го користат истиот механизам, но на многу покомплексен начин. Воздухот се вовлекува во клима уредот и се лади преку процес на испарување. Клима уредите ја ладат целата просторија.

Клима уредот бара значително повеќе енергија од вентилаторот. Ова го прави вентилаторот енергетски поефикасна и поекономична опција. Вентилаторот користат околу 1 процент од електричната енергија што ја трошат клима уредите.

Ако го оставите вентилаторот вклучен 24 часа, тој ќе потроши помалку енергија од клима уредот 15 минути, пишува USA Today. Сепак, ни вентилаторите не се идеални за секоја ситуација.

При екстремно високи температури, вентилаторите треба да се избегнуваат бидејќи понекогаш може да ја зголемат дехидрацијата и дисбалансот на електролитите. Затоа, Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачуваат користење вентилатори само на температури под 35°C.

Зголемената циркулација на топол воздух и испарувањето на потта всушност може да доведат до некои проблеми поврзани со топлината, како што е топлинска исцрпеност.

Вентилаторите исто така не ја намалуваат вкупната влажност, а влажноста може да ве загрее. Исто така, вентилаторот нема да биде претерано ефикасен ако седите неколку метри подалеку од него, пишува „Блиц“. Од друга страна, клима уредите се најдобрата опција кога сакате да ладите поголеми површини.

Клима уредите помагаат и за отстранување на влагата од воздухот, а исто така се најдобриот избор кога температурите се над 35°C.

Кога да користите вентилатор:

кога температурата е под 35 ° C, не е многу влажен воздухот, кога сте во близина на вентилатор, кога сакате да потрошите помалку електрична енергија.

Кога да го користите клима уредот:

Кога температурата е повисока од 35 ° C, кога воздухот е влажен, кога сакате да изладите голема површина, кога можете да си дозволите повисока сметка за струја.

Scroll to Top