(Видео) Девојка со паметен звучник го открила момчето дека ја изневерува

Британката Џесика Ломан на „Тик Ток“ откри како со помош на паметен звучник, „Алекса“, го открила момчето дека ја изневерува. Ги открила гласовните снимки во мобилната апликација Aleksa kontrol. Откако ги слушнала сватила деко дечко ѝ има љубовница.

Ја донел во нивниот заеднички дом, а „Алекса“ ги снимила сè што збореле. Џесика ги споделила снимките на „Тик Ток“.

„Вака го фатив моето момче дека ме изневерува. Не знаев сè додека „Алекса“ не ги сними. Не ни знаев дека може сето ова да го сними и да го сочува“, рече Џесика.

На една од снимките се слуша непознат женски глас.

„’Алекса’, што правиш? Пушти ја песната Play Power Trip од Мигел“, снимка од која Џесика дознала дека женско лице е во нејзината куќа и не знае да ракува со „Алекса“.

Видеото за кратко време го видоа шест милиони луѓе. Многумина се интересираа за тоа како работи и додадоа дека сакаат да го тестираат на своите партнери.

Имаше такви кои се шегуваа и рекоа дека ќе им купат ист таков звучник за нивните сопрузи и момчиња.

Scroll to Top