Милијардерот Илон Маск го претстави најновиот прототип на хуманоиден робот развиен од Тесла, кој го поседува.
Оптимус се појави на сцената на настан во Силиконската долина, каде што им мавташе на толпата и ги крена колената.
Извршниот директор на компанијата изјави дека работата на овој модел се уште е во тек и ќе биде пуштен во продажба за неколку години. Роботите на Tесла за масовен пазар ќе бидат тестирани на работни места во фабрики за автомобили, соопшти компанијата.
Прототипот на роботот беше претставен за време на Денот на вештачката интелигенција, кој секоја година го организира Тесла.
Видеото за лансирање покажува како Оптимус изведува неколку едноставни задачи, наводнува цвеќиња, носи кутии и крева метални шипки.
Маск изјави дека ќе започне масовно производство на вакви роботи, а цената по парче ќе биде нешто пониска од 20.000 долари.
— Elon Musk (@elonmusk) October 1, 2022
— Tesla (@Tesla) October 1, 2022