(Видео) Љубител на „Тесла“ си го вградил клучот од автомобилот во раката

Брендон Далали, кој е голем љубител на компанијата и автомобилите на Илон Маск „Тесла“, си го вградил клучот од неговото возило во раката.

„Конечно го решив проблемот со клучевите и си инсталирав чип во раката“, рече Брендон.

Додаде дека чипот не е врзан само за неговиот автомобил, туку дека може да ја отвори вратата на секој иден „Тесла“ автомобил. Освен што ги отклучува вратите, чипот има и други функции.

„Клучот е само апликација која е инсталирана на чипот“, објасни Далали и додаде дека е направен од биокомпатибилни материјали за да може безбедно да се вгради под кожата.

Scroll to Top