(Видео) Првиот електричен автомобил кој доби дозвола за летање може да се купи за 300.000 долари

Компанијата „Алеф“ од Калифорнија го произведе првиот летечи електричен автомобил Alef Aeronautics, кој може да се нарача за цена од 300.000 долари. Федералната авијациска администрација за првпат даде дозвола на компанијата да го тестира, пренесе „Њујорк пост“. Оттаму велат дека почнале и со нарачки. 

„Возбудени сме што го добивме овој сертификат од ФАА“, рече извршниот директор на „Алеф“, Џим Духовни, кој беше ко-основач на компанијата во 2015 година.

Покрај електричен, компанијата ги произведува и на водорот, но тие се со повисока цена. Летаат со брзина до 320 километри на час, а има енергија да помине растојание од 177 километри. Може да се вози и на јавни патишта и да се паркира во гаража.

Овој автомобил има ротирачка кабина и поглед од 180 степени. Има место за две лица кои можат да избегнат густиот сообраќај на патиштата. Од „Алеф“ го претставија овој автомобил уште минатиот октомври и додаде дека веќе ги имаат добиено голем број нарачки.

Scroll to Top