Вселенскиот телескоп Хабл има опасност да падне на Земјата. Толку се има спуштено во орбитата, што другите сателитите почнуваат да му се мешаат во вселенските набљудувања. Хабл е резултат на соработката меѓу агенциите на НАСА и ЕСА. Лансиран е во ниската Земјина орбита во 1990 година.
Иако неговиот животен век не мина без проблеми, телескопот им служеше на астрономите повеќе од 30 години за набљудување далечни објекти во вселената. Многумина очекуваат научната заедница да извлече уште неколку години од него, под услов ако НАСА сака да го спаси.
За жал орбитата на телескопот низ годините значително опадна, па Хабл сега се наоѓа на висина на која сателитите почнуваат да му пречат во неговото набљудување, проблем за кој научниците велат дека мора да се реши што поскоро.
Бавното спуштање кон Земјата не е ништо ново за Хабл. Во минатото, вселенскиот телескоп се потпираше на сервисни мисии во кои астронаутите ги поправаа компонентите и ја надградуваа опремата и беа влечени до повисока орбита со вселенски летала.
Но, орбитата на Хабл не е корегирана веќе некое време и како резултат на тоа е сè поблиску до површината од кога било претходно.
Обично тоа не претставува проблем, особено не за оние инструменти во вселената за кои е планирано да се повлечат од употреба. Хабл сè уште активно се користи за набљудување на универзумот, а заедно со телескопот Џејмс Веб ни испраќаат неверојатни фотографии надвор од нашата планета.