10 години од снимањето на „Озборувачка“

Култната тинејџерска серија„Озборувачка“, која го следи животот на богатите, овој месец слави 10 години од првата епизода. Од 2007 до 2012 година, колку што се емитуваше, серијата беше вистински извор на модна инспирација. Еве некои факти што не сте ги знаеле за серијата:

1 „Озборувачка“ требало да биде филм, а не серија, но продуцентите се премислиле;

  1. Улогата на Блер била резервирана за Линдзи Лохан;
  2. Ед Вествик на аудицијата дошол за улогата на Нејт, но продуцентите сметале дека повеќе личи на сериски убиец отколку на романтичен јунак и ја добил улогата на Чак;
  3. Во Њујорк се слави Ден на озборувачката, а тоа е 26 јануари;
  4. Еден ден снимање во Њујорк чинело помеѓу 10.000 и 60.000 долари;
  5. Пен Баџли (Ден) и Блејк Лавли (Серена) во серијата се двојка, а всушност се познаваат уште од детството, дури оделе и во исто училиште;
  6. Актерите Метју Сетл и Кели Радерфорд, кои ги гледавме како таткото Руфус и мајката Лили, пред снимањето на серијата во приватниот живот биле во врска.

9.Изгледот на Блер Волдорф е инспириран од стилот на легендарната Одри Хепберн.

Scroll to Top