Викторија Бекам го дизајнираше жолтиот фустан што го носи Никола Пелц, на фотографијата со која таа и Бруклин Бекам ја објавија свршувачката. 25-годишната глумица го покажа и свршеничкиот прстен што ѝ го дал синот на Дејвид и Викторија.
Двојката, која е во врска девет месеци, ја потврди свршувачката откако во јавноста се појавија озборувања дека Бруклин (21) ја побарал Никол за жена, а дека неговите родители се пресреќни.
„Пред две недели ја побарав мојата сродна душа да се омажи за мене и таа прифати. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг“, напиша Бруклин на „Инстаграм“.
Тој додаде и дека сликата со која ја објави свршувачката ја направила неговата сестра Харпер.