(Фото) Се вери синот на Дејвид и Викторија Бекам

Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин (21), се вери со својата девојка Никол Пелц (24), пренесуваат светските медиуми. Тој, наводно, им ја открил среќната вест на своите пријатели, кои тврдат дека Бруклин и Никол се пресреќни и заљубени.

Иако на почетокот на врската, Дејвид и Викторија биле против нивната љубов, двајцата сепак им дале благослов да се венчаат.

„Дејвид и Викторија го дадоа својот благослов за оваа врска. Ова е многу возбудлив период за целото семејство и се радуваат што по бурните врски нивниот син конечно се врати на нозе“, открил извор близок на парот за „Мирор“.

Парот првпат се појави заедно во јавноста во јануари. Во врска се околу девет месеци.

Scroll to Top