Бијонсе најави светска турнеја со концерти во 43 града

Бијонсе најави дека ќе одржи светска турнеја по пет години пауза и ќе го промовира својот последен албум „Ренесанса“. Таа ќе настапи во 43 градови. Турнејата ќе почне во Стокхолм, Шведска на 10 мај, а ќе заврши на 27 септември во Луизијана, пишува „Би-би-си“.

Во текот на турнејата таа ќе настапи во Европа и САД.

Најавата на турнејата доаѓа две недели по настапот на Бијонсе во Дубаи за кој доби 24 милиони долари, но и критики од фановите дека треба да пее во концертни сали, а не на приватни забави.

Scroll to Top