Дајана го украла принцот Чарлс од сестра си

Принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета II, својот прв сопруг Марк Филипс го запознала на Олимпијада. Некои од приказните за запознавањето на кралските двојки се реално неостварливи меѓу обичните луѓе. Сепак, како монархијата станува сè помодерна, така и тие имаат повеќе слобода и избор.

Ова се некои од најинтересните приказни за запознавањето на двојките.

Кралицата Елизабета и принцот Филип

Оваа двојка се познава од детството. Елизабета имала 8, а Филип 13 години кога се запознале на венчавката на принцезата Марина од Грција и војводата од Кент. Службено станале пријатели пет години подоцна. И двајцата се роднини по второ колено. По таа средба, кога Елизабета имала само 13 години, почнале да си разменуваат писма и се заљубиле. Нивната свршувачка е објавена во јули 1947 година, но jaвноста се сомнева дека двајцата се венчале претходно. Тие чекале со објавата додека таа не наполнила 21 година. Се венчале истата година и имаат четири деца, Чарлс, Ана, Ендрју и Едвард.

Принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс

Чарлс и Камила се запознале преку нивен заеднички пријател на забава во 1971 година. Набрзо потоа стануваат љубовници. Камила тогаш била заљубена во Ендру Паркер Боулс, со кого често раскинувала па повторно се смирувала. Кога Чарлс отишол да служи во морнарицата, таа се свршила за Паркер Боулс, кој речиси цело време ја изневерувал. Чарлс се венчава со Дајана, која, пак, ја изневерува со Камила, а по комплицираната врска, која траела повеќе од 30 години, конечно се венчаваат во 2005 година.

Принцот Чарлс и принцезата Дајана

Тогаш 16-годишната Дајана Спенсер се запознала со Чарлс кога тој бил во врска со нејзината сестра Сара. Тие разговарале, танцувале, но романсата се случила дури две години подоцна, кога и двајцата биле слободни. Се нашле на забава, а шест месеци подоцна се свршиле. Се венчале во 1981 година, а се разделиле во 1996 година.

Принцезата Ана и Марк Филипс

Ќерката на кралицата Елизабета II, Ана, била успешна во трките со коњи. Таа дури ја освоила титулата европски првак. На Олимписките игри во Минхен во 1972 година го запознала својот колега јавач Марк Филипс. Со него имала турбулентна врска. Кога се венчале, на Филипс му понудиле титула гроф. Тој ја одбил, па затоа и нивните деца, Марк и Зара Филипс, исто така ја немаат. Двојката службено се има разведено во 1992 година.

Принцезата Ана и Тимоти Лоренс

Вториот сопруг Ана го запознала во осумдесеттите години, кога се распаднал нејзиниот брак со Филипс. Тимоти работел како кралски помошник, а јавноста дознала за таа врска во 1989 година. Медиумите успеале да дојдат до љубовните писма кои тој ѝ ги испраќал на принцезата. Се венчале три години подоцна.

Принцот Ендру и Сара Фергусон

Ендру и Сара се движеле во слични социјални кругови од мали. Таткото на Сара бил менаџер на кралското семејство, па нивните средби биле чести. Таа била пријателка и со принцезата Дајана, која и ги има запознаено во 1985 година. Седеле еден до друг за време на ручек во „Аскот“ на коњичките трки. Кога дошло време за десерт, Сара рекла дека нема да земе затоа што е на диета. Ендру ги предупредил дека тоа е кршење на бонтон. Кога дошло време да нарача десерт, тој рекол дека не сака.

„Го удрив по рамо и почнав да се смеам“, напишала подоцна Ферги во автобиографијата. Се венчаа година дена подоцна и имаат две ќерки, принцезата Биатрис и Еугенија. Бракот траел десет години.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Слатката брачна двојка се запознала на прилично обичен начин. На прва година на факултетот на Универзитетот Сент Ендрус во 2001 година. Прво биле блиски пријатели.

„Кога се запознавме поцрвенев. Бев многу срамежлива“, изјавила Кејт. Вилијам раскажува дека една година биле пријатели, а потоа односот се претворил во врска. Во време од десет кодини, колку што биле заедно, двапати раскинале, а се венчале во 2011 година. Ги имаат синот Џорџ (5), ќерката Шарлот (2) и сега новиот принц Луис.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top