Џорџ Клуни во болница, изгубил 13 килограми

Џорџ Клуни бил згрижен во болница со панкреатит како последица на екстремно слабеење за потребите на претстојниот филм „Небото на полноќ“ (The Midnight Sky), како што пренесува британски „Мирор“.

59-годишниот глумец загуби речиси 13 килограми за улогата во филмот како астроном што преживеал апокалипса. Но, потоа минал неколку недели во болница за да закрепне. Клуни е и режисер на филмот.

„Мислам дека се трудев премногу бргу да ослабам и веројатно не се грижев доволно за себе. Беа потребни неколку недели да заздравам. Како режисер не ми беше лесно затоа што ти треба енергија. Бевме и на глечер во Финска, што исто така ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна во градењето на карактерот“, раскажува Клуни.

За улогата морал да пушти и долга брада, но тоа ѝ не било толку по ќеф на сопругата Амал.

„Мојата сопруга и ќерка ми беа навистина среќни кога ја снема бидејќи претходно не можевме да го најдеме моето лицето под целиот тој неред“, додава тој.

Во научнофантастичната драма брадестиот Клуни (59) го игра Аугустин Лофтхаус, осамен научник на Арктикот, кој тргнува на опасно патување да се обиде да стапи во контакт со групата астронаути во вселената и да ги предупреди за враќање на ненаселива земја по мистериозна глобална катастрофа. За жал, жртвата на Клуни за „Небото на полноќ“ не му донесе поени кај критичарите. Филмот доби 58 од 100 бода по 36 критички осврти на интернет-страницата „Ротен домат“. Првото прикажување ќе биде на 23 декември.

 

Scroll to Top