(Фото) Емили Ратајковски гола со сопругот: Ова не е карантин

Емили Ратајковски објави фотографија на Инстаграм, на која што е гола и е во друштво со нејзиниот сопруг .

“Ова не е како што изгледа нашиот карантин (ние сме најчесто облечени). Ова беше околу шест месеци откако се венчавме, во летото 2018 година”, објасни таа во описот .

На фотографијата, Емили е целосно гола пред огледалото додека нејзиниот сопруг ја гушка одзади. Речиси милион и 300 илјади луѓе ја лајкнаа оваа фотографија за неколку часа.

„Овој човек е најсреќниот на светот“, „Љубоморен сум“, напишале мажите во коментарите. За некои па таа е  „Безобразна“, „Ова е прекумерно, извини“, „Не е соодветно“, напишаа некои.

Емили е во брак со продуцентот Себастијан Беар-МекКлард од февруари 2018 година, со кого беше во врска само неколку недели.

Scroll to Top