Актерката Лара Флин Бојл никогаш не го прифати стареењето. Таа две години избегнуваше да се појави во јавноста, а сега папараците пак ја фотографира по една од многуте операции со кои целосно се изобличи. Лара Флин Бојл одамна е синоним за неуспешните естетски операции. Во последните две години таа постојано се крие од новинарите и фановите,кои велат дека актерката своето прекрасно лице го уништи со естетските зафати.
Последен пат во јавноста беше видена во 2018 година, додека со алкохолен пијалок во рака возеше автомобил. Сега е сликана по уште еден естетски зафат. Овој пат станува збор за операција на носот кој се обиде да го корегира.