Кајли Џенер, најмладата од сестрите Џенер-Кардашијан, ги објави првите фотографии од ќерката Сторми. Кајли се породи пред само седум недели. Иако бременоста ја криеше долго време од медиумите, фотки од ќерката објави веднаш. Таа на својот инстаграм-профил постави три слики и едноставно напиша „Стормиииии“.
Фановите веднаш се пошегуваа дека девојчето го направило првото селфи. Но, Кајли доби и бројни комплименти дека и таа и Сторми изгледаат прекрасно. Имаше и неколкумина што прокоментираа дека малку потсетува и на својот татко, раперот Тревис Скот.