За сите обожаватели на култната серија “Пријатели„, еве некои работи кои не сте ги знаеле….
1. Комичарката Елен де Џенерс требала да биде Фиби
Улогата на Фиби првобитно е понудена на комичарката Елен де Џенерс, но таа ја одбила улогата.
2. Моника и Џои требале да завршат заедно
Продуцентите првично замислувале Моника и Џои да бидат главниот љубовен пар во серијата чија врска ќе биде исполнета со многу раскинувања и смирувања, но помеѓу Рос и Рејчел забележале хемија и потоа го промениле сценариото.
3. Воведната шпица не е снимена во „Central Park“
Иако така изгледа, воведната шпица не е снимена во „Central Park“ туку во едно студио во Њујорк.
4. Ниедна сцена не е снимена во Њујорк
Во Њујорк снимени се само надворешните кадри на зградата во која наводно живееа Пријателите.
5. Џенифер Анистон не ја поднесувала Рис Видерспун
Актеката Рис Видерспун се појави само во една епизода бидејќи Џенифер Анистон која ја глумеше Рејчел не сакала да работи со неа.
6. Малку фалело Џенифер Анистон да ја напушти серијата
Пред снимањето на последната сезона Џенифер имала многу понуди за улоги во филмови. Била на врвот во својата кариера и размислувала да ја напушти серијата. Сепак на крајот одлучила да остане и да ја сними последната сезона.
7. Брус Вилис глумел за џабе
Актерот Брус Вилис кој се појави во серијата изгубил кладба со Метју Пери и морал да глуми за џабе. Целиот негов хонорар отишол во хуманитарни цели.
8. Мет Ле Бланк предложил ликот на Џои да не биде паметен
Иако сценаристите не планирал така, актерот Мет Ле Бланк кој го глумел ликот на Џои предложил Џои да биде поспор од другите и да не ги сфаќа работите како останатите.
9. Метју Пери се борел со зависноста од дрога и алкохол
Во текот на снимањетоо на серијата Метју Пери кој го глумеше ликот на Чендлер се борел со зависноста од дрога и алкохол. На крајот им признал на своите колеги кога повеќе не можел да крие и да ја истера целата проба.