(Фото) Канје Вест објави икона од св. Климент Охридски на „Твитер“

Американскиот рапер Канје Вест на својот твитер-профил денеска објави педесетина икони од православни светци вклучувајќи ја и иконата од св. Климент Охридски. На ниеден од неговите твитови нема коментар, ни објаснување зошто ги споделува иконите.

На фановите на музичарот не им се допаднаа неговите објави, па под повеќето од нив коментираат дека претерал, дека ќе ги исклучат нотификациите и ќе престанат да го следат на „Твитер“.

Вест и пред десет дена беше актуелен на „Твитер“ кога објави видео како моча врз наградата „Греми“, која ја фрли во вц-шолја. „Твитер“ тогаш го блокира неговиот профил, но тој сега повторно е активен.

https://twitter.com/kanyewest/status/1309457558533476355?

Scroll to Top